Бизнис
13. October 2017 - 19:35

Минималната плата максимален проблем за малите текстилни фабрики

Зголемувањето на минималната плата сериозен проблем за помалите текстилни  фирми. Само големи компании од секторот без проблем можат самите на вработнеите да им исплатат минимална од 200 евра.  Оние помалите особено фабрките од источна Македонија без државната помош не можат да ја испорачаат сумата . А за да ги добијат субвенциите од владата  мора да поднесат извешај  дека на своите работници им исплатите минимална плата од 12 илјади денари.

- Помалите каде платите се  близи 10 илјади денари се соочуваат со потешкотии поради тоа што мора да испорачаат минимална плата од 12 илјадид енаир, рече Ангел Димитров- асоцијација на работодавачи на Македонија

Пробемот за лошата финансиска состојба во секторот од текстилната индустрија го нотираат во немањето кадар. Работа има, особено големи нарачки пристигнувата од Германија  каде најмногу извезуваат текстилците. Но поради недостаток на работна сила на пазарот на трудот не може да се зголеми производството ниту да се одговори на барањата од странските партнери.

- Нема работници а една од причините за ваквата состојба се платите. Иако од 2011 година наваму има зголемување на примањата во текстилниот сектор. Поради мислењето дека кај текстиците има лоши услови за работа и ниски плати младите не сакаат да работат.

Бројот  на работници во текстилот е намален за 3 проценти исто колку што е паднат и прометот во секторот.