Фудбал
19. November 2017 - 20:54

Минимална победа на Вардар во дербито против Пелистер

 

Фудбалерите на Вардар го совладаа Пелистер со 1-0 во вечното дерби на ПМФЛ.

Стрелец на единствениот го на мечот одигран вечерва на Националната Арена „Филип Втори“ беше репрезентативецот Висар Муслиу во 65-та минута.

Со новите три бода  Вардар повторно се врати на негатива од 11 бода во однос на лидерот Шкендија, но шампионот има и два меча помалку од тетовци.