Фудбал
18. March 2017 - 12:00

Минимална победа на Борусија Дортмунд против Инголштат

 
 Екипата на Борусија Дортмунд забележа минимална победа со 1-0 против претпоследно пласираниот Инголштад во воведниот натпревар од 25. коло во германската Бундес лига.
 
На натпревраот одигран синоќа во Дортмунд, победата на „милионерите“ им ја донесе Пјер-Емерик Обамејанг уште во 14.минута од средбата. Со освоените три бода и вкупно 46, Борусија сега има само три бода помалку во однос на второпласираниот Лајпциг.
 
Денеска ќе се играат шест натпревари и тоа: 
 
15:30 Аугсбург - Фрајбург , 
15:30 Келн – Херта, 
15:30 Хофенхајм - Баер Леверкузен, 
15:30 Вердер – Лајпциг, 
15:30 Волфсбург – Дармштат и 
18:30 Ајнтрахт – Хамбургер,
 
За утре закажани се средбите: 
15:30 Мајнц – Шалке и 
17:30 Борусија Менхенгладбах - Баерн Минхен.
 
Табела: Баерн Минхен 59 бода, Лајпциг 49, Борусија Дортмунд 46, Хофенхајм 42, Херта 40, Ајнтрахт 35, Келн 34, Фрајбург 34,...