-->
-->
Минимален пораз на македонските ракометари од Исланд (30-29)
-->
Машката ракометна репрезентација на Македонија претрпе минимален пораз (30:29) на дуелот од 4.коло од групата 4 во квалификациите за Европското првенство во Хрватска. Домаќинот Исланд ја оствари втората победа, па така сите четири селекции во оваа група имаат четири бодови и гол разликата до ова коло го решава пласманот.
Македонија на синоќешниот дуел можеби беше најблиску од сите свои гостувања да дојде до позитивен резултат против Исланд на Негов терен.
Во првиот дел Македонија имаше постојано водство, кое домаќинот успеваше да го стигне и на полувреме беше 16:16. Во второто полувреме противникот се одлепи во моментите кога постигна три гола на „празен гол“ кога поради исклучувања игравме без голман. Исланд дојде до четири голови разлика (28:24). До крајот на дуелот Македонија успеа само да го намали резултатот но немаше време за изедначување. Најефикасни кај Македнија беа Кирил Лазаров со 8 голови, Манасков постигна 7, а Миркуловски 6, додека Борко Ристовски имаше 15 одбрани.
Кај Исланд најефикасни беа нивните бекови Гудмунсон (7) и Карасон (6) кои заедно постигнаа 13 голови.
Табела: Чешка 4 бодови (+10 гол разлика), Македонија 4 (+3), Исланд 4 (-5), Украина 4 (-8).
Следните натпревари (последни од квалификациите) Македонија ги игра на 15.јуни со Украина на гости и на 18.јуни на домашен терен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација