Loading Video...
Ракомет
16. December 2017 - 18:33

Минимален пораз на македонските кадети од Романија

 Кадетската ракометна репрезентација на Македонија е минимално поразена од соодветната репрезентација на Романија, која е домаќин на меѓународниот турнир за играчи од генерацијата 2000-та и помали, што се одржува во градот Васлуи. 
 
Во првиот дел избраниците на селекторот Брестовац играа одлично во двата правци, а како резултат на таквата игра беше и предност од два гола на паузата, со 16-14 за Македонија. 
 
Во првата половина од второто полувреме домашните ракометари го засилија темпото во одбраната па во 45.минута направија и три гола предност 23-20. Таа предност се покажа како решавачка за конечниот исход на мечот, иако нашите млади ракометарки го имаа последниот напад, кој сепак не успеаја да го реализираат па на крајот загубија со еден гол разлика 26-27. 
 
Ова беше вториот пораз на македонските кадети (вчера загубија од Израел 27-29), кои утре во последното меч на турнирот ќе играат против селекцијата на Украина. 
 
Овој турнир е во склоп на подготовките на нашата кадетска репрезентација за настапот на ЕХФ Шампионатот што во јули 2018 година ќе се игра во Грузија, како и за Светското Првенство за оваа генерација што во текот на летото 2019 ќе се игра во Скопје.