Свет
6. October 2018 - 12:56

Минибус заврши на дното на провалија: Во страотна несреќа во Кашмир загинаа 20 лица, 16 повредени

Најмалку 20 лица загинаа денеска, а 16 се повредени кога преполн минибус падна во провалија на планинскиот пат во индискиот дел од Кашмир, соопшти полицијата.

Во минибусот со 22 седишта се наоѓале најмалку 36 патници кога слетал во провалија во близина на градот Рамбан, соопштија од полицијата, а пренесе АП.

Додадваат дека возилото паднало во провалија, откако возачот загубил контрола над возилото поради механички проблем.