Македонија
24. October 2017 - 16:46

Мини - ресторанот во Паркот на револуцијата во Прилеп изгоре до темел

Една од најубавите и најголеми гордости на Прилеп и прилепчани во последниве години, Паркот на Револуцијата, односно Могилата на непобедените, утринава остана без својот единствен угостителски објект, мини-ресторанот кој беше изграден пред две години.

Според очевидците, по силната експлозија која се слушнала утринава околу 5.30 часот, веднаш избувнал пожар од кој, за кратко време, до темел изгорел мини-ресторанот, кој беше изграден од масивно дрво.

Првичните штети се проценуваат на над милион денари, а надлежните се сомневаат дека пожарот можно е и  намерно да е предизвикан.

Претпладнево увидна екипа спроведе истрага со цел утврдување на причините кои довеле до оваа катастрофа. Инаку, овој угоститетски објект работеше како дел од ЈКП “Комуналец” – РЕ “Терминал”, кои пак стопанисуваат со целиот Парк откако пред десетина години комплетно беше реновиран и од едно крајно запуштено место прерасна во еден од најголемите и најубави паркови во земјава.