Кошарка
12. April 2018 - 12:37

Минесота последен патник во плејофот

Екипата на Минесота е последниот патник во плејофот на НБА лигата. 
 
Минесота ноќеска во директен дуел го победи Денвер со 112:106 по продолжение, со што го освои 8.место во Западната конференција, последно кое обезбедува разигрување за титулата.
 
Ова е прво учество на „Вулвси“во плејофот по пауза од 14 години.
 
Во првата рунда од разигрувањето Минесота ќе игра против најдобриот тим од регуларниот дел Хјустон