Loading Video...
Тенис
4. July 2019 - 18:32

Минатогодишната победничка Кербер го заврши настапот на Вимблдон

Настапот на Вимблдон кај дамите уште во 2.коло го заврши минатогодишната победничка Анџелик Кербер инаку годинава 5-та носителка. Германката загуби во три сета од Американката,  Лорен Дејвис  со 6-2, 2-6 и 6-1
 
Без проблеми втората рунда ја мина “Топ“ фаворитката Ешли Бартли од Австралија која со 6:1 и 6:3 ја победи Алисон Ван Ујтвак од Белгија  
 
И 6-тата носителка Петра Квитова од Чешка во два сета беше подобра од Французинката, Младеновиќ, како и 9-тата Американката Слоан Стивенс која на Ванг Јафан од Кина и препушти само два гема (6-0 и 6-2).
 
Од носителките пласман во следната рунда обезбедија и 15-тата Ванг Кианг од Кина.