Џет-Сет
3. February 2016 - 20:16

Мими Оро имала договорен секс со Стивен Сигал, додека тој беше...

Српската старлетата Милица Живановиќ - Мими Оро, имала договорено секс со холивудскиот актер Стивен Сигал кога тој беше во Белград за Нова година!
 
Изворот тврди дека Мими Оро пристигнала на местото каде што Сигал бил сместен, а обезбедувањето ја пресретнало на влезот.
 
Мими Оро во посета кај Сигал, кој беше еден од музичките гости пред Собранието на новогодишниот концерт, пристигнала во доцните вечерни часови. Сакала да влезе од споредниот влез, но обезбедувањето ја приметило и и се доближило.
 
Ја прашале: “Кој те покани да дојдеш?“, момчињата не сакале да ја пуштат додека некој не им потврдел дека таа има дозвола за влез. Таа не се надевала дека така ќе биде пречекана. Бидејќи, никој не им одговорил на повикот, старлетата си заминала разлутена.
 
- Само што влезе во таксите, веднаш го зема телефонот, некаде се јави и се расправаше, но во вилата не се вратила – кажал изворот.
 
Медиумите ја исконтактирале Мими за коментар, таа била избезумена штом ја спомнале вилата, ги прекинала на пола реченица и почнала да се правда.
 
-Не сум била јас тоа! Каде е таа вила? Тргнете се настрана, ве молам. Не сум јас тоа, сте погрешиле. За што зборувате? Ајде, тргнете ме од тоа – изјавила Мими Оро и ја прекинала врската.