Кошарка
9. May 2019 - 9:34

Милвоки прв обезбеди конференциско финале

Тимот на Милвоки е првиот финалист во плејофот од Источната конференција.   
 
“Бакси“ ноќеска во петтиот дуел го совлада Бостон со убедливи 116:91 и со 4-1 во победи ја добија полуфиналната серија.
 
Противник на Милвоки во финалето на Истокот ќе биде подобриот од пресметката меѓу Торонто и Филаделфија, дуел во кој „Рапторси“ имаат предност од 3-2 во победи. 
 
До водство од 3-2 во победи дојде и актуелниот шампион  Голден Стејт кој на домашен терен на ноќеска во неизвесна завршница го победи Хјустон со 104:99.
 
И Денвер го дели една победа од пласман во финалето на Западната конференција бидејќи „Нагетси“ имаат водство со 3-2 во серијата прв до четири победи во дуелот со Портланд