Loading Video...
Кошарка
18. May 2019 - 16:05

Милвоки победа со 2:0 против Торонто во финалето на Западната конференција

И во НБА лигата се игра самата завршница односно финалните дуели по конференции. 
 
Најдобриот тим од регуларниот дел на сезоната Милвоки ја оствари и втората победа против Торонто во финалето на Источната конференција. 
 
„Бакси“ максимално ја искористија предноста на домашниот терен, па до вториот триумф над „Рапторси“ сигнаа со убедливи 125:103.
 
Јанис Антетокумпо беше предводник на победничката екипа завршувајќи го мечот со дабл-дабл учинок со 30 поени и 17 скока. Најефикасен кај поразената екипа, но и на натпреварот беше Каваи Ленард со 31 поен.
 
Сега серијата подобар до четири победи се сели во Торонто каде што ќе се играат следните два натпревари.
 
Ноќеска во 3 часот по полноќ ќе се игра третиот меч од Западната конференција, во кој Портланд со негатива од 0-2 во победи го пречекува шампионот Голден Стејт.