Кошарка
21. July 2021 - 10:21

Милвоки по втор пат во клупската историја ја освои шампионската титула во НБА

Екипата на Милвоки бакс рано утрово го победи Феникс санс на домашен терен со 105:98 и го освои шампионскиот трофеј во НБА-лигата.

Најзаслужен за триумфот на Бакс во шестиот меч од финалната серија е Јанис Адетокунбо кој постигна 50 поени и 14 скока.

Кај гостите најпродуктивни кошаркари беа Крис Пол со 26 и Девин Букер со 19 поени.

Ова е прв трофеј за Милвоки по пауза од 50 години. Претходно тимот стана првак во 1971 година.