Милошоски: Во следните неколку дена органите на ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучуваат за учество во техничката влада
Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски вечерва изјави дека органите на партијата во следните неколку дена ќе одлучуваат дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во техничката влада. Според него, ВМРО-ДПМНЕ би требала да учествува во техничката влада за да ги развласти СДСМ и ДУИ.
- Ќе заседаваат Извршниот и Централниот комитет, но сметам дека кога владата ја предводи човек како Талат Џафери кој безброј пати го прекршуваше Деловникот, кој не го пополнува местото член на ДИК кое и следува на опозицијата, а со месеци го влечка овој оглас и не го става на дневен ред, тогаш тој што би имал намера да не учествува во ваква влада за организирање на избори, може само да им даде поголема шанса на Џафери, Груби, Спасовски да прават малверзации, изјави Милошоски во интервју на ТВ Сител.
Милошоски смета дека доколку партијата донесе одлука да биде дел од техничката влада министрите кои ќе ги добие ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат поголеми шанси да ја направат владата потранспарентна и да можат да попречат незаконитости кои планираат да ги прават СДСМ и ДУИ.
- Ценам дека министер за внатрешните работи, труд и социјала и тројца заменици во земјоделие, финансии и министерство за информатичко општество и администрација би биле добар влог во зголемување на изборниот систем и намалување на малверзациите на СДС и ДУИ. Затоа што не е случајно што Бесими е шеф на изборен штаб на ДУИ, нему приоритет ќе му биде да создава прилики за ДУИ да го избере тоа министерство за финансии за изборни цели. ВМРО-ДПМНЕ ако учествува во техничка влада таму би имале заменик кој ќе се обиде тоа да го спречи, рече Милошоски.
Зборувајќи за Алијанса за Албанците, Милошоски рече дека партијата „глуми и власт и опозиција“ и дека не го отстапуваат местото во ДИК на опозицијата, за да нема претставници од албанската опозиција во избирачките одбори.
Ново на Сител
-
80 години Универзитетска библиотека Свети Климент Охридски
-
Службите кубурат со опрема и кадар
-
Општините немаат доволен број комунални инспектори, а слаба е и казнената политика
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски во вински саем во Белград - Средба Мицкоски со Вучиќ
-
ЈСП има нафта за 7 дена - Што потоа? Владата ќе набавува електрични автобуси
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, професор по безбедност
-
Мицкоски во Белград на средба со Вучиќ и Вучевиќ