Македонија
23. July 2021 - 13:00

Милошоски: Резолуција е многу битна и добро е македонското Собрание што поскоро истата да ја изгласа

Дозволете на денешната прес конференција да го истакнам нашиот став и задоволството на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и на опозицијата што беше прифатена на вчерашната седница веднаш после расправата за буџетот да се дискутира за Резолуцијата за македонските државни позиции поврзани со евро-интеграциите и со блокадите од Бугарија.

Сметаме дека содржината на оваа Резолуција е многу битна и добро е македонското Собрание што поскоро истата да ја изгласа по содржина како што беше и доставена, бидејќи е надпартиска и утврдува сериозна европска вредност, а тоа е правото на сопствено определување на идентитетот и зачувување и негување на сопствената историографија.