Македонија
25. January 2021 - 11:47

Милошоски: Пи-ар агенциите на Филипче можат да ги изманипулираат граѓаните но не и неговите колеги

Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски на Фејсбук го споделува ставоот на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари кои тврдат дека во аптеките во Македонија го нема лекот клексан.

-Министерот Венко Филипче има добри PR агенции со кои може да манипулира дел од граѓаните, но сепак тие ресурси изгледа не се доволни за да ги излаже неговите колеги лекари.

Во меѓувреме, за жал, пациентите кои се лекуваат во домашни услови ги трпат штетните последици, пишува Милошоски на Фејсбук.