Македонија
17. January 2017 - 13:50

Милошоски: Она што го направи Рама е личен политички маркетинг, претставувајќи се како покровител на Албанците од регионот

Албанската платформа е предизборен маркетинг на албанскиот премиер Рама, изјави Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, истакнувајќи дека улогата на Рама како покровител во составувањето на платформата е против принципите на Обединетите Нации и претставува директно мешање во внатрешните работи на една суверена држава.

„Она што го направи премиерот Рама е негов предизборен маркетинг наменет за албанската внатрешна јавност во соседна Албанија, но безразлика на предизборните побуди на Рама кој сака да се претстави како покровител на Албанците од регионот, две работи се непренципиелни:  Прво, непренципиелно е премиер на една држава да се меша во политиките на соседна држава преку утврдување на било какви проекти за составување на Влада во соседната држава. Тоа е мешање во внатрешните работи на една суверена држава и против принципите на Обединетите Нации, со тоа Рама направи престап. Дополнително во очите на јавноста, до одредена мерка ги направи недоветни претставниците на албанските политички партии во Македонија коишто делуваа како да немаа сопствен капацитет да состават платформа, па им требаше покровител“, заклучи Милошоски во дебатна емисија на ТВ НОВА.