Македонија
9. April 2019 - 12:32

Милошоски од Стразбур: Преговорите со ЕУ ќе почнат во 2020 година, а би траеле до 10 години

-Македонија за жал нема да добие одлука за датум за преговори во Јуни, селективната правда и немањето реформи во администрацијата се само дел од причините. Доколку има подобра имплементација на законите и фер и демократски претседателски избори, тогаш може да се надеваме преговорите со ЕУ да почнат 2020 година, за време на Хрватското претседателство. Преговорите за членство во ЕУ, доколку не се појават проблеми или блокади во нивниот тек, би траеле околу 8-10 години – порача Милошоски на својот Фејсбук профил