Македонија
23. October 2018 - 20:55

Милошоски не ги коментираше одлуките од ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Антонио Милошоски не ги коментираше одлуките од ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. За медиумите вечерва изјави дека не присуствувал на состанокот, но внимателно ги следел изјавите  и, како што рече,  спомнатите ќе може да дадат свое мислење.

-Добро за партијата и за државата ВМРО-ДПМНЕ да се консолидира, да има јасен опозициски курс на движење и тоа ќе биде корисно и за власта. Денес е и симболичен празник кој тоа треба и да го покаже, изјави Милошоски пред почетокот на прославата во МНТ.

Притоа посочи примери и  во СДСМ од минатото, како Нано Ружин кој, како што рече, беше избркан од СДСМ зашто прифати да биде амбасадор во НАТО, потоа, рече, слични работи се случуваа со Бучковски, Бузлевски, Буралиева, Грчева…

-Тоа е прашање на  нашата полтичка воспоставена пракса, која се надевам дека во иднина ќе биде подобрена, рече Милошоски.