-->
-->
Милошоски: Изјавата на Хан е најдобар дипломатски и политички демант на изјавата дадена од премиерот Зaев за безусловен датум за преговори
-->
Во вечерашната емисија на ТВ 24 гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски кој кажа дека изјавата на Хан е најдобар политички демант на изјавата на премиерот Заев дека Македонија може да прославува за безусловен датум за преговори.
– Морам да констатирам дека изјавата на Хан е најдобар дипломатски политички демант на изјавата дадена од премиерот Заев во Јуни 21018 година кога се сликаше во авион со колегите на Мухамед, Бујар Османи, Никола Димитров и Кочо Анѓушев изјавувајќи дека штотуку ја добивме радосната вест- Македонија може да прославува ,добивме историска одлука, безусловен датум за преговори во Јуни 2019 година.
Милошоски истакна дека очигледно е дека датумот го нема и тоа потврдува дека или премиерот Заев лажел дека сме добиле датум за преговори а тоа не се случило или Хан лаже дека не добиваме датум но некаде е сокриен и се очекува.
Понатаму, Милошоски истакна дека она што тој го знаел од контакти со дипломати е дека во следниве денови 8,9 Април Министерот за надворешни работи ќе патува за Берлин токму за да ја расчисти таа дилема дали Македонија ќе добие датум за преговори после оваа изјава на Хан која што според Милошоски е примена со негативно изненадување од некои кругови на Владата што очекувале безусловен датум за преговори.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна