Македонија
25. January 2022 - 19:41

Милошоски го повика Османи да достави одговори пред Комисијата за надворешна политика

Шефот на дипломатијата Османи треба да дојде во парламентот и да реферира за македонските одговори на планот 5+1 од разговорите со Бугарија, бара претседателот на комисијата за надворешни работи и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Тој денеска, додека Османи е во Софија, испратил писмо до министерот со покана да дојде на комисиска расправа во Собранито до 15 февруари. 

Денешното писмо на Милошоски е второ по ред до министерот Османи да се појави во парламентот. Пратеникот му пишал на шефот на дипломатијата и во декември, но тоа писмо било игнорирано од Османи. Неофицијално министерот не се појавил бидејќи дека владата тогаш беше во оставка.

За денешното писмо нема одговор  од Министерството за надворшни работи дали Османи ќе ја прифати оваа покана и дали смета дека треба да реферира пред пратениците за разговорите со Софија.

Слична пракса на специјални покани и недоаѓање во парламентот за да се расправа за бугарско-македонските односи Милошоски имаше и со поранешниот вицепремиер Димитров. Поради ова Милошоски во текот на ноември 2020 година донесе макета на Димитров на седница на собраниската комисија за надворешни работи. 

Токму по овие прозивки лани парламентот донесе и Резолуцијата за црвените линии во преговорите со Бугарија.