Милошоски: Бараа оставка од Чулев за 30 новозаразени дневно, денес со 560 и 22 починати молчат
Антонио Милошоски потсети како СДСМ бараше оставка од Наќе Чулев кога имаше 2-3 смртни случаи на ден, а сега на 22 починати, не бараат оставка ниту од Оливер Спасовски, ниту од Венко Филипче.
- СДСМ пред изборите бараше одговорност и оставка од Наќе Чулев (МВР), за кого тврдеа дека е крив што дневно имаше по 30-40 новозаразени и по 2-3 починати пациенти од Ковид19.
Денес Заев молчи за МВР, и кога во еден ден имаме вознемирувачки 560 новозаразени и за жал трагични бројки од 22 починати наши сограѓани дневно.
Сега СДСМ за лошото менаџирање на Ковид19 пандемијата не бара ни одговорност, ни оставки од МВР Оливер Спасовски, ниту од министерот за здравство Филипче.
Дури ни кога се организира погреб на Ковид-позитивен коалиционен партнер на Заев, со 300 присутни и со полициска придружба.
Но, ситуацијата не е под контрола.
Народот е загрижен, здравствениот систем може да колабира. Затоа веќе не е време за хипокризија, време е за оставки!
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација