Свет
7. November 2017 - 13:30

Милош Земан ќе се бори за втор претседателски мандат

Чешкиот претседател Милош Земан најави дека ќе се бори за втор мандат на претседателските избори планирани за јануари 2018 година.

Досега вкупно 11 кандидати се пријавија за учество на изборите, а рокот за поднесување кандидатури истекува денеска.

- Благодарам за поддршката со собраните 113.000 потписи од моите сограѓани, изјави Земан.

Според анкетите, Земан е фаворит на изборите, а меѓу посериозните противкандидати е поранешниот премиер Мирек Тополанек.

Чешка неодамна одржа парламентарни избори, на кои убедливо победи партијата на милијардерот и поранешен министер за финансии Андреј Бабиш, кој доби мандат да формира нова влада.