Македонија
7. December 2022 - 16:35

Милков и Османи положија цвеќе пред споменикот на Свети Климент Охридски

Македонската и бугарската влада, ден пред официјалниот празник, денеска за прв пат заеднички го чествуваа Свети Климент Охридски во Скопје. Шефовите на дипломатиите на двете држави Османи и Милков, без официјална најава, но со известување после настанот, положиле цвеќе пред споменикот на Свети Климент Охирдски, а имале и заедничка посета на јубилејната изложба во Националната универзитетска библиотека што го носи името на овој светец.

Заедничкото чествување доаѓа откако историската комисија ги усогласила ставовите за Св. Климент Охридски. Милков сам се пофали за чествувањето.

Османи пак, иако уште викендов кажа дека  историската комисија има решение за светецот, денеска зборуваше само дека односите меѓу Скопје и Софија оделе во добар правец.

По најавата за отворање на нов бугарски клуб во Кавадарци, Османи вели тој би присуствувал на отвoрањето на ваков клуб само доколку не се формира поради провокации. Милков пак, вели македонската Влада треба да го обезбеди функционирањето на овие клубови.

Османи и Милков денеска беа логистика на македонско-бугарскиот бизнис форум „До една милијарда и понатаму“ по повод една милијарда евра трговска размена меѓу двете држави. Бизнисмените на форумот потпишаа шест договори вредни над три милиони евра во областа на винската индустрија и обезбедувањето и безбедноста.