Балкан
24. November 2018 - 12:39

Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово

Србија би можела да претрпи штета од околу 22 милиони евра поради зголемувањето на царините на 100 отсто на стоката која ја пласира на косовските пазари, како и поради инсистирањето на приштинските власти на декларациите да пишува „Република Косово“, поради што трговијата е целосно блокирана, наведува српски „Блиц“.

Весникот наведува дека станува збор за груба пресметка на експертите, кои оценуваат дека доколку вака се предолжи, до крајот на годината извозот на стока од Србија во Косово би бил за пет отсто помал во однос на минатата година.

Податоците на Стопанската комора на Србија покажуваат дека вкупниот промет на стоки со Косово во 2017 година изнесувал 464,1 милион евра. Ако блокадата на прометотѕ со Косово продолжи до крајот на годината, а со оглед на падот на извозот за пет отсто, трговијата ќе изнесува само 420 милиони ева. Доколку се земе предвид дека секоја година прометот меѓу Србија и Косово се зголемува за околу пет отсто и оти се очекувало дека до крајот на 2018 година ќе изнесува околу 500 милиони евра, загубите се многу поголеми, односно станува збор за најмалку 80 милиони евра, наведува „Блиц“.