Македонија
17. September 2016 - 12:39

Милионска кражба во Скопје

На 16.09.2016 година во Скопје на Бул.„АСНОМ“во стан сопственост на Х.Б.(36)  непознат сторител со погоден алат ја отворил влезната врата и одзел златен накит, 4.750 американски долари, 3.000 евра, 80.000 денари по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна корист од околу 2.000.000 денари. Се превземаат мерки за откривање и пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на кривичното дело.