Милиони корисници со проблеми при пристапувањето кон мрежите Фејсбук и Инстаграм
Фејсбук и Инстаграм не работеа синоќа, а утрово, корисници во дел од светот соопштија дека не можат да ги користат овие социјални мрежи, пренесува хрватски Индекс.
Причината за паѓањето на социјалните мрежи сè уште не е позната. Твитер функционираше непречено.
Проблемите започнаа нешто по 23 часот, кога падна страната на Фејсбук за голем број корисници. По полноќ ситуацијата се подобри, но сè уште има повремени проблеми.
Како што јави порталот Downdetector, пријавени се проблеми на повеќе континенти. Многу корисницивоопшто не можеа да пристапат до оваа социјална мрежа, некои можеа само делумно да пристапат или требаше многу време да се вчита newsfeed.
Порталот посочува деказа кратко време беа забележани десетици илјади пријави. Околу 56 проценти од луѓето изјавиле дека воопшто не можат да пристапат до Фејсбук, 26 проценти од нив дека имаат проблем со најавување, а 16 проценти со newsfeed.
Тешко се пристапува и до Инстаграм.
Ново на Сител
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти