Живот
21. November 2018 - 22:05

Милиметар ги делеше од сигурна смрт: Се шетаа мирно кога покрај нив помина автомобил со голема брзина, вистинско чудо е што останаа живи

На интернет се појави снимка од една двојка која едвај извлече жива глава кога автомобил изгубил контрола и за малку ќе ги покосел.

Двојка се шетала по поплочена улица, и судејќи по се, наменета и за пешаци и за возила. Наеднаш, мажот се фрлил врз девојката во моментот кога покрај нив со голема брзина поминал автомобил.

Изгледа дека автомобилот ја зафатил ногата на мажот пред да се забие во ѕидот и да се сврти на покривот.

Двојката со неверување гледаше во автомобилот кој за малку ќе ги убиеше. Не е познато каде се случил инцидентот, но брзо се прошири по социјалните мрежи.