Свет
24. November 2019 - 20:28

Милијардерот Блумберг се вклучи во трката за претседател на САД

Милијардерот Мајкл Блумберг, поранешен републикански градоначалник на Њујорк, откако во неделата објави дека влегува во номинацијата за претседателски кандидат на Демократската партија на американските избори во 2020 година, придружувајќи се на долгата листа кандидати и веднаш го објави видеото со повикот да се гласа за него.

Претходно во неделата 77-годишниот Мајкл Блумберг ги поднесе документите за учество на предизборите во Демократската партија во неколку сојузни држави, но досега не даде официјални изјави за оваа тема.

Во видеото, нараторот накусо говори за Блумберг и неговите достигнувања како претприемач кој создал илјадници работни места, и како градоначалник на Њујорк во три последователни мандати од 2002 до 2013 година.

Еден од главните мотиви за неговото учество на наредните избори е спротиставувањето со републиканскиот претседател Доналд Трамп.

„Се кандидирам за претседател за да го поразам Доналд Трамп и да ја обновам Америка. Не можеме да си дозволиме уште четири години непромислени и неетички потези на претседателот Трамп. Ако (Трамп) освои уште еден мандат, можеби никогаш нема да закрепнеме од таа штета“, рекол Блумберг во неделата, пренесе агенцијата DPA.

Овој, пак, во првата седмица од ноември кога беше најавено можното учество на Блумберг во изборната трка на демократите, оцени дека тоа може само да му наштети на на поранешниот потпретседател Џо Бајден кој се сметаше досега за најголем фаворит да ја добие претседателската јноминација на демократите.

„Одамна го познавам Мајкл (Блумберг), доколку се осврнете наназад… Тој зборуваше многу добри работи за Трамп… Малиот Мајкл нема да успее… го нема она што е потребно за успех. Мислам дека тој само ќе му наштети на Бајден“, рече тогаш Трамп додавајќи дека ниту со еден кандидат за претседателските избори во 2020 година не би сакал толку да се натпреварува како со Блумберг.

Видеото објавено во неделата завршува со пораката „Мајкл Блумберг – за претседател!“, по што самиот милијардер вели „Јас сум Мајкл Блумберг и го одобрувам ова обраќање“, што е традиционална форма за авторизација на политичкото рекламирање во САД.

Блумберг, кој е еден од најбогатите Американци и деветти во светот а списанието Forbes неговото богатство го проценува на повеќе од 53,4 милијади долари, сосема го промени своето мислење откако во март годинава изјави дека да се кандидира. Неговата кандидатура доаѓа во периодот кога двајца од кандидатите со најголеми шанси за осовјување на демократскат претседателска номинација, сенаторите Елизабет Ворен и Берни Сандерс, жестоко ги критикуваат милијардерите и ветуваат наметнување нови даноци за супер богатите.

Блумберг долги години беше член на Демократската партија, но пред да се кандидират за градоначалник на Њујорк во 2001 година, се регистрираше како републиканец. Во 2009 година Блумберг се кандидираше за третиот мандат како независен кандидат, а во октомври 2018 година повторно се регистрираше како демократ. Уште во 2016 година размислуваше да се кандидира на претседателските избори како независен кандидат, но се откажа од намерата за да не ги подели демократите во борбата со Доналд Трамп.