„Милиет": Турција ги заврши подготовките за операција во северна Сирија
Турските вооружени сили ги завршија подготовките за копнена операција во градот Африн во северна Сирија, кој е под контрола од групата на сириските Курди, Сили за заштита на народот, објави турскиот весник „Милиет".
Повикувајќи се на турски извори, ТАСС јави дека во последниве две години силите на сириските Курди дури 17 пати отвориле оган врз турски војници.
Анкара повеќепати разговараше со официјална Москва за оваа операција, при што е договорено пред почетокот на борбените дејствија бна турските сили во северна Сирија, Русија ќе ги повлече своите војници од тој регион.
Според руски дипломатски извори, по воената акција, Африн ќе добие статус на „зона за деескалација“, а безбедноста во тој реон ќе биде гарантирана од страна на Турција и Русија.
Ново на Сител
-
Герасимовски: Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче"
-
Четврти ден штрајк на приватни специјализанти
-
Мицотакис: Да направиме сè што е во наши раце за смирување на кризата на Блискиот исток
-
Тухел за натпреварите со Реал: Баерн ќе игра против најголемиот клуб во светот
-
Соработувале со Русите и планирале да ја саботираат армијата, Германија уапси две лица
-
Приведени крадци во Битола
-
Гвардиола: Главната работа во фудбалот е да постигнеш гол
-
Артета: Арсенал имаше многу периоди на доминација, но тоа не беше доволно да го поминеме Баерн