Македонија
2. November 2015 - 15:09

Милица Стојанова добитник на актерската награда за животно дело „Петре Прличко“

Жири-комисијата за доделување на актерската награда за животно дело „Петре Прличко“ како што соопшти на денешната прес-конференција во Велес драматургот Сашо Димоски,  за 2015 година  и се доделува на Милица Стојанова, актерка и доајен на македонскиот театар.
 
Според него, нејзината уметничка величина и актерско мајсторство никако не можат да се сведат  на набројување на ролјите кои ги толкувала, ниту на импресиноста која го одзема здивот кога ја гледата на сцената, ниту само на соработката која Милица ја дава во процесот на создавањето театар.
 
- Доволно е да ја запознаете и да ја почувствувате незаборавноста која лебди околу Милица и да знаете дека станува збор за толкава единственост за која немата зборови,а оние кои на кои ќе помислите во одреден момент–веднаш сфаќате дека се претесни, потенцира Димоски.
 
Појасни дека Милица Стојанова е жив дел од колективната меморија на македонскиот театар. Таа е, нагласи тој, јадро, учител, прекрасен соработник, раткост,најдена во друга реткост.
 
- Таа е една од најголемите привилегии кои се случиле во македонскиот театар, таа е жив музеј од сеќавања кои подеднакво го познаваат минатото и сегашноста и ја поседуваат моќта да ја предвидат иднината, рече Димоски.
 
Во изјава за медиумите актерката Милица Стојанова потенцира дека многумина мислат оти кога тие ќе отидат во пензија се заборава на нив. Но, добивањето на вакви високи актерски награди, според неа, го демантира тоа. Стојанова потсети дека ова и е трета награда за животно дело по, како што рече, административното  пензионирање во 1992 година и наградите  добиени на фестивалот „Војдан Чернодрински“ и „Естра“. Оваа награда  со името на „Петре Прличко“, потенцира таа, и е посебно драга.
 
- Ја имав привелигијата да играм во претставите во кои режираше нашиот великан Петре Прличко, да бидам актерка со него во неговото славно „Сомнително лице“ бев и неговата ќерка одреден период  Марица, затоа што таа претстава толку долг век играше заради неговата генијалност што другите ликови се менуваа, а тој остана до крај.Јас сум многу задоволна и среќна заради ова признание и особено затоа што доаѓа од градот за кој има посебни емоции.Јас  играв повеќе претстави во велешкиот театар и сега секогаш кога можам доаѓам во Велес и во театарот,  а сега во новата театарска зграда, нагласи Стојанова.
 
Наградата која ја доделува Општина Велес е во висина од 30 илјади денари и плакета со ликот на Петре Прличко, а кои на Милица Стојанова ќе и бидат врачени во велешкиот театар на свеченост на 8.ноември, а театарскиот  ансамбл во незјина чест ќе одигра и театарска претстава.
 
Инаку, Милица Стојанова е десетти добитник на наградата „Петре Прличко“, а прва жена актер која ја добива оваа висока награда. Досегашни добитници се актерите:Благоја Спиркоски - Џумерко,Емил Рубен,Петар Мирчевски,Благоја Чоревски,Мето Јовановски,Борис Чоревски,Петар Темелковски,Драган Спасов Дац и Александар Ѓорѓиев.