Loading Video...
Фудбал
2. April 2019 - 15:21

Милевски верува дека Македонија може повторно на ЕП

Старо-новиот селектор на младата фудбалска репрезентација, Благоја Милевски верува дека Македонија може повторно да биде дел од Европскиот крем
 
Откако пред две седмици беше повторно назначен за селектор на младата репрезентација, Благоја Милевски сега и официјално потпиша договор со ФФМ, со кој во наредните две години ќе се обиде да го повтори успехот од 2017-та кога ја предводеше селекцијата до 21 година на завршницата на ЕП во Полска. 
 
„Целта е пласман на Европско првенство. Тоа не значи дека на фудбалерите ќе им наметнеме притисок дека мора да се пласираат на ЕП. Ние не сме Шпанија, Бразил или Германија. Мора да направиме се ако ни се укаже шанса. Комплексот од пониска вредност е зад нас, а тоа е поткрепено и кога ќе ја видам А-селекцијата во која шест играчи се првотимци од оваа селекција и уште тројца се меѓу 18 во составот“, изјави Милевски на денешната средба со новинарите. 
 
Зацртаната цел нема да биде нималку лесна бидејќи за противници во квалификациите кои ќе стартуваат во септември,  црвено-жолтите ќе ги имаат врсниците од Шпанија, Израел, Црна Гора, Казахстан и Фарски острови.