Милевски: Претседателот на синдикатот на РЕК Битола, Менде Фидановски од РЕК земал еден милион евра тендери
РЕК Битола тоне во хаварии, РЕК Битола тоне во скандали со Бате Вице, тоне во долгови, но се уште е златна кокошка за послушниците на режимот.
Веднаш по преземањето на власта, режимот удри по синдикалната организација во енергетскиот сектор. Во 2017 година, со упад во синдикалното организирање, режимот формира нов синдикатот во ЕЛЕМ, а за претседател беше назначен Менде Фидановски, вработен во РЕК Битола.
Но, освен во РЕК Битола, Менде Фидановски има и приватна семејна компанија, КОМПАКТ МСФ од Битола.
Семејната компанија на Менде Сидикалецот само оваа 2021 година има земено 9 тендери на РЕК Битола, каде што Менде работи, со над 378 илјади евра или над 23 милиони денари.
Лани, 2020 година, семејната фирма на Менде Синдикалецот има добиено 11 тендери, со над 616 илјади евра, или над 38 милиони денари.
Значи, само лани и оваа пола година, Менде Синдикалецот од РЕК Битола во својата компанија инкасирал без малку еден милион евра.
Или можеме да броиме во годините откако стана прв синдикалец, Менде синдикалецот, му процветува приватниот бизнис, а фирмата е редовен добитник на тендерите на РЕК Битола.
И тука доаѓаме до главниот проблем, дали нема судир на интереси?
За што Менде Фидановски е заинтересиран повеќе за тендерите или за синдикалното организирање во ЕЛЕМ вклучително и во РЕК Битола кое што тоне во долгови?
Дали Фидановски е продолжена рака на режимот во РЕК Битола, златната кокошка за членовите на режимот, дали затоа Менде Фидановски молчи по скандалот за 250.000 евра рекет поврзан со работата и раководењето во загубарот РЕК Битола?
Дали заради тендерите од еден милион евра за неполни две години Фидановски не реагира за уништувањето на РЕК Битола и најавите на нејзино затворање?
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка