Loading Video...
Фудбал
31. August 2020 - 16:01

Милевски поред дуелот со Шпанија, верува во своите избраници

Младата фудбалската репрезентација на Македонија (до 21 година) ги одработува подготовките за претстојните два дуело во квалификациите за Европското првенство. 
 
Веќе во четврток на 3 септември во Скопје, младите македонски фудбалери ќе ги пречекаат врсниците од Шпанија кои важат за фаворити, но селекторот Благоја Милевски верува во своите избраници дека имаат капацитет да направат и добар резултат. 
 
- Момците покажаа дека имаат квалитет и да се спротивстават на најдобрата репрезентација во Европа. Тоа ми дава за право да бидам оптимист. Секако дека има и што да поправиме, па на овој натпревар да бидеме во текот на целите 90 минути онака како што планираме“, изјави Милевски.
 
Дуелот против Шпанија нашите младинци ќе го играат на Национална арена „Тодор Проески“ (почеток 18:45 часот), а потоа на 8 септември ќе и гостуваат на селекцијата на Фарските Острови.