Loading Video...
Фудбал
30. August 2019 - 14:00

Милевски го објави списокот за квалификацискиот меч против Фарските Острови

Нов квалификациски циклус за младата фудбалска репрезентацијата до 21.година, но сега со повратникот на селекторското место Благоја Милевски. 
 
Селекторот кој пред две година ја предводеше Македонија до историскиот пласман на ЕП во Полска, денеска на средба со новинарите го објави списокот на играчи на кои ќе смета за првиот квалификациски меч против Фарските Острови
 
Милевски повика во најголем дел познати имиња, неколку повратници и двајца дебитанти, а дури 14-мина од 24-те на списокот се играчи кои настапуваат во странство.
 
 
 
„Сите ќе се бориме за бараж, зашто со новиот формат, првопласираните и најдобрата втора селекција ќе одат директно на ЕП, а останатите ќе играат бараж. Ако ги имаме сите фудбалери на располагање и ако сме во форма, можеме да останеме во конкуренција и да се бориме за тој бараж“, изјави Милевски.
 
 
Дуелот против Фарските Острови ќе се игра на 10 септември на ФФМ во Скопје (16 часот), а во шестата квалификациска група, македонските надежи за противници ќе ги имаат и врсниците од: Црна Гора, Казахстан, Шпанија и Израел. 
 
Собирот е закажан за 3 септември во хотелот „Александар Палас“ во 11 часот, а до мечот ќе тренира на терените на ФФМ односно тренинг-центарот „Петар Милошевски“.