Фудбал
14. March 2019 - 14:20

Милевски го објави списокот на играчи за „Анталија Куп“

 
 
Селекторот на младата фудбалска репрезентација на Македонија (до 21 година), го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за претстојниот меѓународен турнир „Анталија Куп“. 
 
На списокот на Милевски се дури 15 интернационалци, кои од 18 до 27 март во Турција ќе биде дел од силниот турнир на кој црвено-жолтите ќе одиграат натпревари против врсниците од Украина (22 март), Летонија (24 март) и Естонија (26 март), а единствено нема да играат против Казахстан селекција која е еден од противниците на Македонија во  квалификациите за ЕП 2021.
 
На списокот на Милевски се: 
 
Голмани: Томас Божиновски (Фиеренсе, Португалија), Ристе Јанков (Работнички), Даниел Котевски (Победа); 
 
Одбрана: Нехар Садики (Ренова), Агрон Руфати (Истра 1961, Хрватска), Есмин Личина (Скопје), Филип Трајановски (Академија Пандев), Филип Антовски (Динамо Загреб, Хрватска), Михаил Маневски (Академија Пандев), Тодор Тодоровски (Осијек, Хрватска), Ване Јованов (Академија Пандев); 
 
Среден ред: Давор Здравковски (АЕЛ Лимасол, Кипар), Јани Атанасов (Бурсаспор, Турција), Димитар Митровски (Спортинг Лисабон, Португалија), Кристијан Ацковски (работнички), Милош Тошевски (Земун, Србија), Марко Ферукоски (Офенбах, Германија), Бесард Шабовиќ (Дјургарден, Шведска); 
 
Напад: Бејхан Аметов (Борусија Дортмунд, Германија), Милан Ристовски (Ријека, Хрватска), Марио Крстовски (Академија Пандев), Даниел Миловановиќ (Академија Пандев), Кристијан Трапановски (Славија Прага, Чешка), Емил Абаз (Бершот, Белгија), Ердон Даци (Коњаспор, Турција).