-->
-->
Милески дал изјава во полициска станица за сите објавени аудио-снимки на социјалните мрежи
-->
Зоран Милески-Кичеец дал изјава во полициската станица Карпош за сите објавени аудио-снимки на социјалните мрежи каде наводно се слуша неговиот глас.
– Од страна на МВР на лицето З.М. му беше доставена покана да се јави на информативен разговор денеска во полициската станица Карпош, по член 276 од ЗКП,а во врска со објавени аудио снимки на социјалните мрежи. З.М. денеска дојде во ПС Карпош заедно со својот адвокат и врз основa на неговиот исказ ќе биде сочинето известување до ОЈО, соопштија од МВР за МИА.
Имено, во текот на изминатите денови на социјалните мрежи беа објавени аудио видеа, кои наводно се снимени разговори меѓу Кичеец и политичари, како и видни личности.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка