Фудбал
20. April 2016 - 10:40

Милер донесе ново куп финале за Баерн

Екипата на Баерн успеа да се пласира во финалето на германскиот куп откако синоќа во првото полуфинале на „Алијанц Арена“ го победи Вердер со 2:0. Стрелец на двата гола беше Томас Милер во 30.минута и во 71.минута од пенал.
Ова ќе биде можност Баерн по 18.ти пат да го освои овој пехар.
Вечерва во второто полуфинале во Берлин ќе играат Херта и Борусија Дортмунд. Почетокот на натпреварот е во 20:30 часот.
Финалето се игра на 21.мај на „Олимпискиот стадион“ во Берлин.