Милена не можеше да дојде на неговиот гроб, еве кој донесе цвеќе за Драган
Милена Дравиќ поради болеста не можеше да го посети гробот на својот сопруг. Цвеќе испшрати и тоа по момчето чија приказна ќе ве растажи.
Великаното на југословенското глумиште Драган Николиќ почина на денешен ден пред точно една година, во 72. година од животот,
По неговата смрт Милена се повлече и поради лошата здравствена состојба не присустуваше ниту на претставувањето на уметничката биографија на својот сопруг под името “Господин Мангуп“. која беше промовирана на 9.март во белградското „Ателје 212“.
Поради болеста, Милена немаше сили ниту денеска да го посети гробот на Драган, на годишнината од неговата смрт. Сепак испратила цвеќе преку момчето од соседството, кој се претставил како Дејан и е нејзин сосед од Врачар.
Како што рекол, на Милена не и било добро, па тој дошол наместо неа. Скромното момче многу го сакал Драган и рекол дека му недостасува многу, а Милена повеќе не е иста откако остана без него.
Дејан денеска наполни 18 години. Симболично, токму на денешен ден. Дејан нема родители, живее сам. Тој ја посетува Милена и понекогаш за неа оди до продавница. Инаку, Дејан на вазната за цвеќе го залепи грбот на Црвена Звезда, со оглед на тоа дека Гага беше жесток Делија.
Скромното момче не сакаше да се фотографија, рече дека Гага посебно се радувал кога тој ќе му донел дрес од Звезда.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација