Џет-Сет
1. April 2016 - 8:38

Милена Дравиќ во лоша здравствена состојба по смртта на Драган Николиќ

Откако почина познатиот српски актер Драган Николиќ, неговата сопруга Милена Дравиќ е во многу лоша здравствена состојба.

Целото семејство е во голем шок од сето тоа што се случуваше.

Веста за неговата смрт најтешко и падна на неговата сопруга Милена. Веднаш по погребот на Гага, Милена е сместена во болничка установа.

Неколку часа по погребот, на Милена и се вртело во глава и паѓала во несвест. Во повеќе наврати лекарите се бореле за нејзиниот живот зошто навистина се чувстувала многу лошо.

Целото нејзино семејство како и многубројните колеги се многу загрижени за неа.