Милена Дравиќ побарала да ја пуштат од болница
Српската глумица Милена Дравиќ, која на крајот октомври беше итно примена на Одделот за онкологија во Белград, на нејзино барање била отпуштена од болница, објави белградскиот весник „Вести“.
- Иако тоа не е вообичено, минатата недела таа беше отпуштена. На излегувањето беше порасположена, но видно истоштена и исцрпена. Како што дојде, така и си отиде, тивко и без помпа, изјави неименуван извор од болницата за весникот.
Тој тврди дека додека престојувала во болница, Дравиќ редовно ја посетувале само една нејзина роднина и жената што и помага дома.
Гласините говорат дека Дравиќ боледува од тумор што веќе ги зафатил и нејзините коски, поради што операција е неизводлива, па лекарите применувале алтернативни методи на лекување.
- Ги прими терапиите, па сега е малку посилна, додава изворот.
Ново на Сител
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи