Македонија
22. February 2019 - 13:02

Миле Јанакиески денеска ќе бара домашен притвор

Одбраната на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска ќе го обжали судското решение за затворски притвор и ќе побара оваа мерка да биде заменета со домашен.

Поранешниот владин функционер е повторно притворен во истражниот затвор Шитка како сомничен дека е еден од организаторите кои од еден центар го координирале нападот на Собранието на 27 април.