Фудбал
22. December 2017 - 9:17

Миланското дерби во „Копа Италија“ ќе се игра во среда 27 декември

 
 
Италијанската фудбалска федерација ги објави термините за четвртфиналните натпревари во националниот куп.
 
Дербито од оваа фаза на „Копа Италија“ ќе се игра во среда (27 декември) со почеток во 20 часот и 45 минути, кога на „Сан Сиро“ ќе истрчаат фудбалерите на градските ривали Милан и Интер. 
 
Имајќи го во предвид последниот нивни меѓусебен дуел кој заврши со победа на Интер со 3-2, благодарение на Икариди кој ги постигна трите гола на „неро-аѕурите“, последниот во 90-тата минута, сигурно дека и претстојната средба ќе биде неизвесна до самиот крај. 
 
Во неа, Интер ќе влезе како еден од претендентите за „скудетото“ додека, Милан кој е во резултатска криза ќе треба да фати приклучок со тимовите кои бркаат пласман во Лига Европа следната сезона. Затоа мечот за „бјанко-нерите“ е исклучително важен, па преку националниот куп тимот на Милан ќе ја има и втората шанса за европската сцена.
 
Инаку првиот четвртфинален натпревар меѓу Лацио и Фиорентина ќе се игра ден претходно (вторник, 26 декември), а победниците од овие дуели ќе се сретнат во полуфиналето. 
 
Вториот полуфинален пар, ќе го дадат победниците од мечевите, Наполи – Аталанта и Јувентус – Торино кои ќе се играат на стартот на новата 2018 година, односно на 2 и 3 јануари.