Балкан
29. July 2015 - 12:56

Милановиќ: Ние сме господари на сопствената судбина

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ денеска побара од Парламентот да ја овласти Владата да се откаже од арбитражната процедура за решавање на граничниот спор со Словенија.

- Ние не можеме да го затвориме Арбитражниот суд, но можеме да се откажеме од договорот. Ние сме господари на сопствената судбина, истакна Милановиќ пред пратениците, кои денеска го разгледуваат владиниот предлог за напуштање на преговорите со Словенија за Пирански Залив.

Милановиќ наведе дека Хрватска нема свој судија во Арбитражниот суд, додавајќи оти „кога некој ќе стане член на тој суд, тој повеќе не е Хрват, ниту Словенец, туку арбитар“.