Милановиќ и Грлич Радман изразија сочуство за трагичната несреќа на косовскиот автобус
Хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ, и шефот на дипломатијата, Гордан Грлиќ Радман, изразија сочувство до народот на Косово и семејствата на жртвите од трагичната несреќа што се случи утринава во Хрватска, во близина на Славонски Брод.
„Изразувам сочувство до семејствата на патниците кои загинаа во сообраќајната несреќа што се случи утрово во близина на Славонски Брод, сочувствувам со властите и народот на Косово во овој тажен момент за сите нив. Им посакувам на повредените патници брзо закрепнување“, напиша претседателот Милановиќ.
„Ја повикав министерката (Доника) Гервала-Шварц и им го пренесов сочувството на луѓето и семејствата на жртвите од трагичната автобуска несреќа што се случи утрово во Хрватска“, напиша Грлиќ Радман на својот профил на Твитер.
„Изразив надеж за брзо заздравување на повредените во сообраќајната несреќа“, додава шефот на хрватската дипломатија Десет лица утринава загинаа, а 45 се поврдени, од кои 15 посериозно, кога автобус со косовски регистарски таблички слета на автопатот кај Славонски Брод. Претходно и премиерот Андреј Пленковиќ изрази сочувство до косовските власти, семејствата на жртвите и народот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица