Балкан
27. April 2018 - 12:28

Милан загина на 20. роденден: Падна од мотор кој ден претходно му го купија родителите

Милан Пејиќ (20) загина во средата на својот 20. роденден, и тоа на мотоциклот кој го добил на подарок од родителите и тоа ден пред несреќата. Тој се судрил со патничко возило и при тоа се здобил со фатални повреди, додека неговиот совозач и пријател В.П. (17) е тешко повреден.

Момчето се наоѓа во Општата болница во Сремска Митровица, но не е животно загрозен.

Тага и болка се надвија над улицата „Матија Губец“ во Шид, во која со мајката Оља, таткото Зоран и братот Димитриј живееше настраданото момче.

-Голема тага за така прекрасно и складно семејство. Родителите сакаа синот да го израдуваат за роденден и ден претходно му купија мотоцикл, раскажува една од соседите на семејството Пејиќ, која се уште нема сила да оди и да им изрази сочуство.

Инаку, до несреќата дошло на раскрсница во Шид кога мотоциклот со кој управувал Милан удрил во патничко возило марка „рено кангу“. Веднаш по несреќата возачот на мотоциклот и неговиот совозач, 17-годишното момче со тешки повреди се префрлени во Општата болнциа во Сремска Митровица, но за жал Пејиќ им подлегнал на повредите.

За настраданото момче од Шид, жителите имаат само пофални зборови. Милан денеска ќе биде погребан на Православните гробишта во Шид.