Џет-Сет
12. March 2017 - 20:53

Милан Станковиќ првпат проговори по вооружениот инцидент во Виена

Милан Станковиќ ги сподели впечатоците од своите настапи и откри дека сега се чувствува добро по инцидентот кој се случил на неговиот настап во Виена.

-Уморен сум, само што слетав. Се враќам од Цирих, се е океј, немаше никакви интервенции овој пат, ни полиција ни чуда. Почнавме турнеја која не престанува. Добро су,. Секако, благодарам на прашањето, порача Милан од аеродромот.

Како што пренесоа австриските медиуми, околу 5 часот утрото, 30-годишен маж од Романија се скарал со двајца Срби и еден Црногорец, на возраст од 25 и 42 години, па судирот ескалирал и дошло до пукање пред клубот во кој настапил пејачот.

Во првичните извештаи на тамошните весници, беше погрешно објавено дека Милан  во таа прилика бил ранет во нога, па е префрлен во болница и не бил во животна опасност, а главните актери во инцидентот се уапсени.