Loading Video...
Фудбал
18. March 2018 - 17:55

Милан со пресврт до победа против Киево

Во меч со пресврти екипата на Милан го совлада Киево со 3-2.
 
Средбата која се играше во рамките на 29.коло во Серија А, започна со рано водство на Милан уште во 10.минута со гол на Чалханоглу. 
 
Во продолжението Киево постигна два погодока, преку Степински во 33.минута,односно една минута подоцна кога Инглезе му донесе водство на Киево од 2-1.
 
Во вториот дел домаќините успеаја да направат нов пресврти и да остварат победа. Кутроне во 54.минута израмни на 2-2, а Андре Силва во 82.минута го постигна конечниот резултат 3-2.
 
На останатите средби одиграни попладнево. Убедливи победи со 5-0 и тоа на гостински терен остварија Интер кај Сампдорија и Аталанта кај Верона. 
 
Со триумф од 2-1 загостите завршија и средбите Беневенто – Каљари и Торино – Фиорентина,додека доминацијата на гостинските екипи попладнево ја потврди и Рома која со 2-0 славеше кај Кротоне.