Фудбал
14. February 2016 - 19:35

Милан славеше победа во дуелот со Џенова

 
 
 
Во фудбалското првенство на Италија односно Серија А, попладнво беа одиграни четири натпревари. 
 
Екипата на Милан забележа победа од 2:1 во дуелот со Џенова, со головите на Карлос Бака (5-минута)  Кеисуке Хонда (64). Почесниот погодок за гостите го постигна Алесио Черчи во последната минута. 
 
На останатите натпревари беа постигнати овие резултати: Палермо – Торино 1:3, Сампдорија – Аталанта 0:0 и Удинезе – Болоња 0:1.
 
Колото ќе биде комплетирано со натпреварот Фиорентина – Интер кој ќе се игра вечерва во терминот од 20:45 часот. 
 
На претходно одиграните натпревари: Лацио – Верона 5:2, Карпи – Рома 1:3, Емполи – Фрозиноне 1:2, Киево – Сасуоло 1:2
и Јувентус – Наполи 1:0.
 
Табела: Јувентус 57 бодови, Наполи 56, Рома 47, Фиорентина 46, Интер 45, Милан 43 ...