Балкан
2. February 2018 - 10:30

Милан се удави, девојката очајна - Милица плачеше и викаше: „Го убив другарот, ќе се убијам“

Милан Субошиќ (17), млад фудбалер од Болеч, се удавил кога со автоомобилот во кој бил со својата најдобра другарка Милица Л. (17) слетал во Дунав. Девојката успеала да се спаси, но несреќниот Милан потонал са автомобилот „поло“ пред да успеат да го извлечат луѓето што се затекнале на кејот.

Фатална грешка, Милица вежбала да вози

НАМЕСТО ВО РИКВЕРЦ; СТАВИЛА ВО ПРВА!

Според зборовите на другарките на Милица, таа сакала да го испроба автомобилот, но наместо во рикверц, ставила во прва брзина.

-Милица оди на часови за возење, но автомобилот кој го вози има поинаков распоред на брзини од „полото“, вели нејзината другарка.

Таа додава дека Милан и Милица, десет години се најдобри другари и дека поради стресот сега е под лекарства.

-Ми раскажа дека таа успеала да излезе од автомобилот кога водата и била до половината, но повеќе не можела повторно да ја отвори вратата за да излезе Милан. Се обидувала да ја отвори, но не успеала, а не можел ниту Милан од внатрешната страна и затоа тргнал кон гепекот зошто тој дел бил надвор од водата. Таа, кутрата повторно влегла во вода, но на сила ја извадија, рече другарката на несреќната девојка.

Ужасната трагедија се случила прексиноќа околу 22.40 часот во Винча, кај брод-ресторанот „Србија“.

23-годишниот Марко од Винча, кој од ледниот Дунав ја извлекол Милица, за српски Курир раскажа како се случила ова.

-Бев во автомобил со девојката и одеднаш ги видов фаровите на автомобилот како слетуваат во реката. Излегов надвор, имаше тука уште луѓе, ама никој ништо не правеше. Ја слушнав девојката како довикува помош. Таа беше надвор од автомобилот кој полека тонеше, раскажува Марко кој веднаш скокнал во водата.

Кога и пришол на девојката, ја фатил за рака и ја повлекол кој брегот.

Milan Subošić

Се закачила сајлата

-Викаше: „Другар ми е внатре, помогнете ми, ве молам, да излезе!“ Се вратив и го видов момчето на задното седиште. Автомобилот веќе до половина беше потонат од предната страна. Се качив за да ја отворам вратата од багажникот, но од сајлата од бродот која се закачила за брисачите неможев. За тоа време, момчето внатре викаше, молеше да му помогнеме. Беше преплашен! Никако не успеав да ја откачам сајлата и тогаш стигнаа некои луѓе со чамци. Ми рекоа да се тргнам од автомобилот и тие пробаа со весло да го скршат стаклото од багажникот, но автомобилот потона, раскажува потресеното момче.

Според неговите зборови, после тоа на момчето во автомобилот му немало спас зошто Дунав на тоа место е длабок колу 5 метри.

-Девојката не престануваше да плаче и да го довикува другарот. Се тресеше од стрес и постојано повторуваше: „Го убив другарот, и јас ќе се убијам“. Беше многу ужасно. И мене сега не ми излегува од глава сликата од момчето како вика од автомобилот и моли да му помогнеме. Цела ноќ немам спиено...Ни јас не можам да си простам себеси што не направив нешто повеќе за да го извлечам од возилото, раскажува Марко со расплакани очи.

Несреќа на Ада Хуја

Како што дознаваме, против Милица Л. ќе биде поднесена кривична пријава заради тешко дело против безбедноста во сообраќајот. Инаку, во ноември 2014 година настрадале тројца млади, откако во Дунав влетаа со БМВ токму на Ада Хуја.

Се сликале половина час пред несреќата

Последното селфи на најдобрите другари

Милан и Милица пред несреќата биле во кафуле, сакајќи да го прослават почетокот на распусто. Потоа отишле на Дунав. Само половина час пред трагедијата, Милица на Инстаграм закачила нивна заедничка слика со порака: „Најјак пријател, навалете девојчиња“.

Имал пробна дозвола, го возел автомобилот на сестрата

Настраданиот младен имал положено возачки испит и возел со пробна дозвола. Според непотврдените информации, автомобилот во кој се удавил припаѓал на неговата сестра. Инаку, Милан активно играл фудбал. Прво настапувал за ФК Болеч, а потоа и за Црвена Звезда од Мали Мокри Луг. Одел во Средното економско училиште во Белград.